Вардар потврди: Бараме земјиште за изградба нов стадион!

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе добие нов стадион во наредниот период, а тоа го потврди управата на клубот, на прес-конференција. 

Пред извесен период се појавија информации дека најтрофејниот македонски клуб ќе добие нов дом во Карпош, а од Вардар соопштија дека активно се работи на барање на земјиште за нов стадион.

„Засега, не би сакале да шпекулираме со никакви информации. Бараме земјиште и локација за изградба на нов стадион. Сите информации кои се појавуваат во јавноста се од луѓето во Општините“, изјави Самсоненко.

Вардар во својата 70-годишна историја своите натпревари ги игра на Градскиот стадион, сегашен „Филип Втори“, а кога е приморан се сели од Градскиот парк и игра на стадионот во Ѓорче Петров, „Борис Трајковски“ во Маџари...

Top