Како Елмас се забавува и тренира во изолација

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас имаше мали проблеми со повреда, пред да се донесе одлука со која се прекинаа сите фудбалски ективности во Европа.

Членот на Наполи ќе го искористи слободниот период за да заздрави и да се подготви за она што следува во остатокот од сезоната. Покрај обврските за калчолигашот, 20-годишникот ќе има задача да и помогне на Македонија да се пласира на Европското првенство, кое неодамна беше одложено за наредната година.

Елмас ги послуша сите препораки на Меѓународната здравствена организација и остана дома, но не пропушти можност да тренира напорно. Целиот процес го споделува на социјалните мрежи и го покажува забавниот дел од неговиот карактер, тренирајќи во ритам на светски познати музички хитови.

 

Top