Поради коронавирусот францускиот великан ги суспендираше платите на фудбалерите

Фудбалскиот застој кој владее во Европа дефинитивно нема позитивно да влијае врз финансиските структури во клубовите, а по објавите на неколку земји за вонредна состојба во нивните граници, ни пристигна и првиот радикален чекор од еден француски великан.

Олимпик Лион стана првиот клуб од Лига 1 кој одлучи комплетно да ги парализира давачките кон своите фудбалски ѕвезди, односно на неодредено време ги суспендираше платита на играчите од првиот тим како последица на големата криза со коронавирусот која силно ја погоди и Франција.

– По преземените мерки од авторитетните лица за да се справиме со КОВИД – 19 и со оглед на тоа што се суспендирани сите тренинзи и натпреварувања на национално ниво, мора да ве известиме дека цел персонал има прекин и одредена е суспензија на платите на сите вработени, – гласи објавата на Лион која само докажува дека клубовите можат да се соочат со сериозни финансиски кризи доколку брзо не се надмине глобалниот проблем со вирусот.

Top