„Лекип“ потврди: Исплашениот Нејмар пребегал од Париз, неговиот пример го следел уште еден соиграч

Француските медиуми доцна синоќа почнаа да шпекулираат дека Нејмар бил видно вознемирен во последните неколку дена поради кризата со коронавирусот, а по сериозните мерки кои ги активираше Макрон, сега пристигна потврда дека исплашениот Бразилец пребегал од Париз.

Големата ѕвезда на ПСЖ го напуштил Париз и со својот приватен авион се вратил во родниот Бразил, земја која во овој момент е далеку посигурно и побезбедна со оглед на тоа што жариштето на коронавирусот е Европа. Франција полека влегува во округот на ризични земји со растот на новозаболени, а таквиот тренд го исплашил Нејмар и решил брзо да реагира со заминување од Париз.

Оваа вест ја потврди „Лекип“ ова попладне, медиум кој тврди дека Нејмар ја напуштил земјата пред затворањето на границите кои беа најавени како мерки, а друштво му правел и неговиот сонародник Тиаго Силва кој исто така одлучил да се врати во Бразил заедно со своите најблиски.


 
Top