Утре е клучниот ден за европскиот фудбал: Завршницата на Лигата на шампионите во досега невиден формат?

Според пишувањето на шпанскиот весник AS, една од опциите е завршување на Лигата на шампиони и Лига Европа е Фајнл Фор.

Откако повеќето европски фудбалски првенства се прекинати поради пандемијата на коронавирусот, се бараат најдобри решенија кои би требало официјално да се усогласат во вторник на вонреден состанок на УЕФА. 

Се поизгледно е дека Европското првенство 2020-та година ќе се откаже за декември или за следното лето, а Лигата на шампиони те и Лига Европа ќе ги спаси завршница на која би играле само четири клуба.

Идејата на UEFA е во четвртфиналето да се игра само еден натпревар на неутрален терен или со влечење да се одреди домаќинот. После тоа четири клуба ќе учествуваат на Final Four.

Така завршницата на ЛШ би се играла во Истанбул, а Лига Европа во Гдањск.

На видео состанок утре, 17-ти март, ќе учествуваат 55 претставници на фудбалските сојузи кои ќе гласаат за иднината на европскиот фудбал.

Top