Барселона издава сопствена криптовалута

Навивачите на фудбалскиот клуб Барселона ќе се запознаат со начинот на кој функционира криптовалутата, односно системот блокчеин.

Барса, како еден од најпопуларните светски фудбалски клубови, ќе издаде дигитални токени за употреба на платформа за ангажирање на навивачи.

Токените исто така ќе им овозможат на нивните сопственици да гласаат за различни одлуки за тимот, како што е на пример музиката која ќе се пушта на стадионот кога тимот ќе постигне гол. Идејата е да им се овозможи на навивачите ширум светот да учествуваат во важни и помалку важни одлуки во клубот.

За да ги добијат валутите, фановите можат да ја преземат апликацијата Socios.com, да ги купат оригиналните монети познати како Chiliz, а потоа да ги искористат за купување на токени од Барса.

На навивачите ќе им бидат понудени 40 милиони монети по 2 евра, а најголем дел од приходите ќе одат во клубот, изјави Александар Дрејфус, извршен директор на Socios.com. Chiliz токените се тргуваат на неколку крипто берзи, а можат да се држат и на дигитален паричник.

Инаку, ова не е новост. Откако во декември беа претставени навивачките токени, околу 110.000 корисници се пријавиле, купувајќи монети во просек вредни 20 долари.

– Не ги таргетираме навивачите кои се на стадион. Идејата е да се достигнат 99,9 проценти од луѓето кои не се на стадион – изјавил Дрејфус.

Top