Финалето на ЛШ во 2024, ќе се игра во Њу Џерси?

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, сериозно размислува за опцијата финалето на Лигата на шампионите во 2024 година да се игра на друг континент, поточно во Северна Америка, а веќе е одбран и стадион.

Финалето на ЛШ никогаш не се играло надвор од Европа, но и тоа може да се смени во блиска иднина, па во 2024 година, за европската клупска титула битката да се води на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси, на кој играат НФЛ тимовите Њујорк џајантс и Њујорк џетс.

Во тек се преговори со комерцијални партнери од САД, а иако уште е почетна фаза, двете страни се силно заинтересирани за реализација на идејата. Капацитетот на стадионот е 82.566 седишта. Непосредната близина на „големото јаболко“ е магнет и евентуалното финале на ЛШ таму, има огромен маркетиншки потенцијал.

Top