Шок за „росонерите“: Една од двете најголеми ѕвезди ќе мора да си замине во јануари

Милан минува низ турбулентен период кога во прашање се резултатите на почетокот на сезоната. „Росонерите“ го имаат најлошиот старт во последните 80 години, а како резултат на тоа „летна главата“ на тренерот Марко Џампаоло.

Сепак има уште вести кои може да ги загрижат фановите на клубот. Имено, Милан ја завршил сезоната со неверојатна загуба од 146 милиони евра, а тоа преведено со други зборови ќе значи дека клубот ќе мора да продаде една од своите најголеми ѕвезди уште во јануарскиот преоден рок за да избегне санкции од ФИФА.

Милан одби понуди за Сусо и Џанлуиџи Донарума во летниот преоден рок од Лион, Марсеј и ПСЖ, а сега во јануари ќе мора да ги слуша понудите за еден од овие двајца фудбалери.

Поверојатно е дека клубот ќе го напушти шпанскиот интернационалец за кој повторно постои сериозен интерес. Освен Сусо, во јануари може да си замине и Лукас Пакета за кого се интересира ПСЖ и од кој Милан може да инкасира значителна сума на пари.

Се споменува и заминување на Франк Кеси кој има понуда од тимот на Вулверхемптон кој летото веќе го обезбеди потписот на Кутроне од Милан.

Top