„Спорт Италија“: Несторовски се сели во Удинезе

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски веќе подлого време се поврзува со трансфер во повеќе клубови од Серија А, а по проблемите во кои западна Палермо кој е пред банкрот, повеќе од извесно е дека тој летово ќе ја промени средината.

Во шпекулациите поврзани за него се споменуваа екипите на Фиорентина и Џенова, но по се изгледа популарниот Несторгол кариерата ќе ја продолжи во Удинезе, јавува „Спорт Италија“.

Според информациите на овој медиум, трансферот е пред реализација и се очекува официјална потврда во наредните неколку денови.

Top