Наместо во Интер, Елмас се сели во гигант од Шпанија

Пред неколку денови како гром од ведро небо одекна веста дека Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Интер откако италијанскиот тим се согласил да плати 11 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, утрово од извори блиски до Фенербахче, еден од најугледните турски медиуми „Фанатик“ пренесе информација дека за нашиот Елмас до крај ќе притиска и шпанскиот Атлетико Мадрид.

Медиумот имено пишува дека Чоло Симеоне е подготвен да плати 14 милиони евра  за да го обезбеди трансферот на 19 годишниот фудбалер.

Атлетико Мадрид ќе претрпи значителна реконструкција следната сезона, а Симеоне наредил Елмас да биде еден од играчите кои ќе го засилат средниот ред на тимот. „Фанатик“ пишува дека трансферот е многу блиску до реализација затоа што наводно и Фенер се согласил на оштета од 14 милиони евра.

Top