Реал на 3-ти јуни го претставува Азар, а веднаш потоа уште две големи засилувања

Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, од свои добро упатени извори пренесува дека клубот ќе го претстави Еден Азар на 3 јуни.

Англискиот медиум „Скај Спортс“ пак излезе со информација дека двата тима конечно се согласиле за оштетата, па Реал Мадрид ќе плати приближно 115 милиони фунти, голема сума за фудбалер на кого следната сезона му истекува договорот.

По реализацијата на трансферот на Азар, „АС“ пренесува дека ќе следи ангажман и на Лука Јовиќ, за кого се е договорено со Ајнтрахт Франкфурт, а потоа ќе се влезе во завршните преговори со Лион за ангажман на Ферлан Менди.

Еден Азар вечерва во Баку ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Челси и се надева дека од клубот ќе се збогува со трофеј.

Top