Како најголемиот навивач на Реал го преживеа тешкиот пораз од Барселона

Европскиот шампион Реал Мадрид претрпе тешок пораз од Барселона на дербито кое се одигра на „Камп Ноу“. „Кралевите“ загубија со 5-1 и на тој начин уште еднаш покажаа дека се далеку од посакуваната форма и игра со која треба да бидат битка за трофеи. Овој пораз донесе големо разочарување кај сите навивачи, поддржувачи, а меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“, Томас Ронсеро. Ронсеро е огромен навивач на Реал, па претешко му падна „петардата“ од вечниот ривал и најдобар доказ за тоа е следново видео со неговите реакции за случувањата во Каталонија.