Фудбалска треска во Белград: Црвена Звезда за рекордно време ја распродаде „Маракана“

Црвена Звезда со ремито во Салзбург прекина една лоша традиција и за првпат по пауза од 26 години се пласираше во групната фаза во Лигата на шампионите, успех кој експресно предизвика фудбалско лудило во Белград каде ова утро се изврши експресна распродажба на сите билети за натпреварите против Наполи, ПСЖ и Ливерпул.

Српскиот шампион ќе има навистина тешка задача против сите три тима во групната фаза, но тоа не ги поколеба фудбалските фанови да го обезбедат драгоцениот билет за сите три натпревари, па така Црвена Звезда само неколку часа по започнувањето на продажбата, објави дека сите карти се распродадени во рекордно време.

– Најголемиот успех на Црвна Звзда во последните 25 години предизвика неверојатен интерес кај публиката. Блок билетите за групната фаза во Лигата на шампионите се распродадени за помалку од три часа, – се вели во соопштението на „црвено белите“, објава која секако е гаранција за фудбалски спектакл во Белград на сите три натпревари на „Маракана“.