Помошникот тренер на Звезда ја насмеа целата фудбалска јавност: Фудбалот е игра каде… (Видео)

Постот на Црвена Звезда, кој траеше 26 години без учество во Лигата на шампионите, беше прекинат вчера откако херојот на мечот, Бен постигна два гола во 65 и 66. минута за конечни 2:2 против Салзбург и го најави враќањето на овој тим во елитното натпреварување.

Големиот успех на српскиот шампион Црвена Звезда се должи поради головите на гостински терен. Сепак изјавата на помошникот тренер на Црвена Звезда, Милан Косановиќ ја насмеа целата фудбалска јавност.

– Игравме одлично и водевме сметка за секој детал на теренот, сите внимаваме на тоа, а не само јас. На крајот ова е резултатот кој го добивме. Кога ја отпишаа Звезда на 0:2, сепак ние покажавме дека фудбалот е игра каде на крајот секогаш победуваат Србите, – изјави Косановиќ.

Top