Петковиќ го отпиша Бехрами: Албанецот тврди дека одлуката има политичка позадина

Главна спортска вест во Швајцарија е потегот на селекторот Владимир Петковиќ кој сосема неочекувано соопшти дека четворица репрезентативци повеќе нема да настапуваат во швајцарскиот дрес.

Босанскиот тренер ги отпиша Џуру, Фернандес, Лихштајнер и Бехрами. Токму Валон Бехрами, швајцарецот со албански корени реагираше најбурно од сите и порача дека таквата одлука на селекторот има политичка позадина.

„Петковиќ ми се јави, мислев дека ме повикува за нормално да поразговараме, но тој всушност ми ја затвори вратата. Селекторот има право да каже што ќе посака, но ова очигледно е политичка работа“, изјави Бехрами.

Фудбалерот со косовско потекло настапува во дресот на Швајцарија од 2005-та година и има одиграно 83 натпревари во швајцарскиот дрес. Тој има настапено на дури четири светски првенства и е единствениот швајцарски фудбалер на кого му успеало тоа.

 

Top