Еве што им порача принцот Вилијам на англискиот тим после поразот од Хрватска

Добро познато е дека принцот Вилијам е голем фудбалски фан и после поразот на Англија од Хрватска ги искоментира синоќешните настани по пат на официјалниот Твитер профил на Кенсингтонската палата.

Иако тој и Хари предвидувале дека "се враќа дома", сепак за жал не се врати, а Вилијам ја покажа својата поддршка за англискиот тим и изјави дека "не може да биде погорд на нив". 

"Знам колку се разочарани Англичаните, но не можам да бидам погорд на овој тим. Треба да се движите со подигнати глави. Бевте неверојатни, влеговте во историјата и ни дадовте нас фановите нешто во што можеме да веруваме. Знаеме дека од овој тим ќе имаме што да гледаме понатаму", напиша принцот на Твитер. 

Пред натпреварот исто така, принцот Вилијам напиша дека цела земја навива за нив.

"Одиме Англија, се враќа дома", рекол за британските медиуми, а со него се согласи и Хари: "Дефинитивно се враќа".

Поддршка кон англискиот тим упати и премиерката на Англија, Тереза Меј велејќи:

"Не беше судено да се оствари овој пат, но Вашето величествено патување ја направи оваа земја многу горда. Ќе ги вееме знамињата во сабота".

Top