Македонскиот репрезентативец и член на турски Фенербахче, Елиф Елмас е чекор поблиску од остварување на трансферот во Серија А. Како што пишуваат медиумите во Италија, од Наполи веќе ги започнале преговорите со претставниците на нашиот фудбалер и истите течеле во позитивна насока. „Скај Италија“ пишува дека преговорите треба да продолжат во текот на денешниот ден и многу скоро се очекува да се постигне и конечен договор. 19 годишниот Елмас е една од приоритетните трансфер цели на спортскиот директор на Наполи, Кристијано Гинтоли за овој преоден рок.
Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски веќе подлого време се поврзува со трансфер во повеќе клубови од Серија А, а по проблемите во кои западна Палермо кој е пред банкрот, повеќе од извесно е дека тој летово ќе ја промени средината. Во шпекулациите поврзани за него се споменуваа екипите на Фиорентина и Џенова, но по се изгледа популарниот Несторгол кариерата ќе ја продолжи во Удинезе, јавува „Спорт Италија“. Според информациите на овој медиум, трансферот е пред реализација и се очекува официјална потврда во наредните неколку денови.
Пред неколку денови како гром од ведро небо одекна веста дека Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Интер откако италијанскиот тим се согласил да плати 11 милиони евра за неговите услуги. Сепак, утрово од извори блиски до Фенербахче, еден од најугледните турски медиуми „Фанатик“ пренесе информација дека за нашиот Елмас до крај ќе притиска и шпанскиот Атлетико Мадрид. Медиумот имено пишува дека Чоло Симеоне е подготвен да плати 14 милиони евра  за да го обезбеди трансферот на 19 годишниот фудбалер. Атлетико Мадрид ќе претрпи значителна реконструкција следната сезона, а Симеоне наредил Елмас да биде еден од играчите кои ќе…
Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“, од свои добро упатени извори пренесува дека клубот ќе го претстави Еден Азар на 3 јуни. Англискиот медиум „Скај Спортс“ пак излезе со информација дека двата тима конечно се согласиле за оштетата, па Реал Мадрид ќе плати приближно 115 милиони фунти, голема сума за фудбалер на кого следната сезона му истекува договорот. По реализацијата на трансферот на Азар, „АС“ пренесува дека ќе следи ангажман и на Лука Јовиќ, за кого се е договорено со Ајнтрахт Франкфурт, а потоа ќе се влезе во завршните преговори со Лион за ангажман на Ферлан Менди. Еден Азар вечерва…
Медиумите во Англија пренесуваат дека можно е во следниот период да видиме уште една продажба која ќе ја промени историјата на еден клуб од Премиер лигата. Имено, полубратот на Шеикот Мансур, сопственикот на Манчестер Сити, бил заинтересиран да го купи тимот на Њукасл. Шеикот Калед бин Зајед Ал Нехјан сакал да го купи клубот од Мајк Ешли и од него да направи силен тим како што неговиот полубрат стори со Манчестер Сити. Претставниците на богатиот шеик притискале продажбата да се случи ова лето додека преодниот рок е отворен со цел да може да купат силни засилувања во пресрет на следната…
Тешкиот пораз на Барселона од Ливерпул и испаѓањето од полуфиналето на Лигата на шампионите (4:0), беше последниот аларм за промените што ќе се случат на Камп ноу. Според известувањата од шпанските медиуми, поточно листата на АС, шампионот на Шпанија, налето ќе остане без десеторица свои фудбалери. Кевин Принс-Боатенг и Џејсон Муриљо ќе се вратат во своите клубови како позајмување, додека да му истече договорот на Томас Вермален. Резервниот голман Јаспер Цилесен сака да си замине, затоа што сака да биде голман и да брани, а Барселона планира да го продаде за 30 милиони евра. Исто така Каталонците се подготвени да…
Славниот шпански голман Икер Касиљас утрово доживеал срцев удар, пренесуваат португалските медиуми. Касиљас почувствувал болка на тренингот во Порто и итно бил префрлен во болница каде било констатирано дека претрпел миокарден инфаркт. Според првичните информации, животот на голманот не е во опасност, но нема да настапува за Порто до крајот на сезоната.  Икер Касиљас има 37 години, а стана славен како голман на Реал Мадрид за кој настапуваше од 1999-2015 година. Со тимот на Реал освои сè што можеше да се освои: пет титули Прваци на Шпанија, четири суперкупа, три титули во Лига на шампиони, два Европски суперкупа и многу…
Легенда на шпанскиот фудбал и Барселона, Карлес Пујол го искажа својот став за престојната пресметка меѓу неговиот поранешен клуб и Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. Легенда на шпанскиот фудбал и Барселона, Карлес Пујол го искажа својот став за престојната пресметка меѓу неговиот поранешен клуб и Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тие средби се играат на почетокот на наредниот месец, а според Пујол тие битки ќе бидат вистински празник на фудбалот, дуело кои посакуваат да ги видат сите вистински љубители на оваа игра. -Тоа ќе биде навистина тешко полуфинале против Ливерпул затоа што тие имаат одлична сезона,…
Top