Лионел Меси во овој момент е максимално сконцентриран на својата репрезентација и она што ја чека Аргентина на Светското првенство во Русија, но од друга страна пак, нема проблеми да одработи интервјуа за познатите каталонски весници, во случајот „Спорт“.

Угледниот весник од Каталонија денеска ексклузивно го објави опширното интервју со најдобриот фудбалер на шпанскиот првак, во кое покрај тоа што Лео порачува дека не ги заменил двете освоени титули во Примера и Копа дел Реј со онаа од Лигата на шампионите, говори и за доста емотивни моменти, впрочем за најтешките кои ги доживеа како член на Барса и жител на Барселона.

Меси доби сериозни обвиненија за затајување данок и беше изнесен на суд од властите во Шпанија, моменти за кои сега одлучи да се отвори Лео, огласувајќи се со жесток тон и покажувајќи со прст кон властите во Мадрид.

– Имав навистина тешки моменти тој период, имаше моменти кога ме доведоа до плачење. Беше навистина тешка година таа со даночните обвнувања, беше навистина тешко за мене. Не ме доведоа до депресија, но навистина бев погоден од начинот на кој ме напаѓаа и од работите кои ги говореа за мене, за мојот татко и за моите блиски. Беше навистина тешко и се почувствував како некој да сака да ме прогони. За среќа, добив поддрршка и љубов од моите луѓе, од градот Барселона, од Каталонија и тоа направи да се чувствувам многу помирно. Мислам дека наредбите за напаѓање и осудување пристигнуваа од Мадрид. Знаев дека тоа е така и тоа навистина ме болеше, – порачува Меси.

Ѕвездата на серијата “Game of Thrones”, Хафтор Бјорнсон (29) повторно го исмеваат на социјалните мрежи поради фотографијата која ја објавил со својата девојка, терапевтка и вљубеничка во фитнес – Келси Хенсон.

Исланѓанецот е во врска со Хенсон од септември минатата година, а на луѓето им е смешно да ги гледаат заедно поради разликата во нивната висина. Многу обожаватели коментираат дека неговата девојка изгледа како да му е ќерка. 

 

Имено, Хафтор е висок 206 центиметри, а Келси со своите 158 центиметри висина не му е ни “до рамена”. Неговата девојка вели дека кога сакаат да се бакнат, тој мора да се наведне, а таа се поткрева на прсти.

“Или едноставно му кажувам да ме подигне во раце, поинаку нема смисла”, објаснила Келси. Бјорнсон е официјално најсилниот човек на светот, но тоа не ги спречува “храбрите обожаватели” да му испраќаат негативни и навредливи коментари.

 

Тор со години се натпреварувал за титулата “најсилен човек на светот”. Пред осум години, тој бил на шестото место, а во 2012, 2013 и 2015 година го освоил третото место. На второ место бил во 2014 и 2016 година.

Поранешниот кошаркар следниот месец започнува со снимање на осмата сезона на серијата “Game of Thrones” во која се појавува во улога на Грегор Клегејн – Планината.

 

Бјорнсон ја преземал улогата на Грегор во четвртата сезона од серијата, откако во првата сезона го глумел актерот Конан Стивенс, а во втората сезона – Ијан Вајт.

Енис Барди изминатава вечер во својата низа на жртви го придодаде и голманот на Леганес, откако овојпат употреби една поразлична техника во споредба со претходните сценарија, испраќајќи неодбранлив удар во аголот кој го брани чуварот на мрежата.

Во сите четири претходни случаи, Барди маестрално и хируршки прецизно го гаѓаше подалечниот агол на голманите, а сега со промената на тактиката стигна до својот јубилеен петти гол од слободен удар во својата прва сезона во шпанската Примера, а со тоа си обезбеди влез во одбрано друштво во шпанскиот фудбал.

Македонскиот репрезентативец стана еден од последните пет играчи што успеале да постигнат по пет гола во една натпреварувачка сезона во Ла Лига, но навистина импресивен е еден податок околу Барди, а тоа е дека никој од претходните четири мајстори нема подобар ефект од „снајперистот“ Енис.

Асунсао дал 5 гола од 49 обиди во сезоната 2004/5, Пернија 5 од 24 обиди во сезоната 2005/6, Роналдињо 6 од 49 пред 11 години, Лео Меси 6 од 48 минатата сезона, додека маестро Барди оваа сезона постигна пет гола од само 16 обиди, ефект кој ја воодушевува шпанската спортска јавност, а истовремено и пркоси на реалноста.

Вуко Борозан, црногорскиот ракометар кој настапува за Вардар со силни емоции зборуваше по мечот со Кил  и истакна дека пласманот на завршницата во ракометната елита е награда за тимот.

Воедно, Борозан истакна и дека му е чест да го носи дресот на овој клуб.

-Натпреварот во Скопје беше ист како оној во Германија, знаевме дека од почетокот ќе биде тешко. Кил е голема екипа. Среќни сме што ние како екипа што освоила Лигата на шампионите се пласира во Келн и ќе ја браниме титулата. Чест и задоволство ми е да го носам дресот на овој клуб со срце. Разликата на теренот ја направи нашиот тим, функционираше како што треба и Штербик и тимот и сите фактори во клучните моменти. Ги наградивме нашите навивачи со пласман на Ф4, па ќе видиме што ќе биде понатаму, изјави Борозан. Црногорскиот „бомбардер“ беше прв стрелец во тимот на Вардар во победата на Кил со шест постигнати гола.

извор: gol.mk

Милански Интер потврди дека сите билети за саботното „Дерби на Италија“ со Јувентус се распродадени, а клубот од продажбата ќе заработи рекордни 5 милиони евра.

Натпреварот помеѓу Интер и Јувентус се игра во сабота на „Џузепе Меаца“ во Милано, а според многумина, можно е токм овој натпревар да одлучи кој ќе биде шампион оваа сезона во италијанска Серија А.

За двата тима дуелот е од огромна важност - Интер брка победа за продолжување на трката со Рома и Лацио за пласман во Лигата на шампионите, додека на Јувентус им е потребна победа затоа што имаат само еден бод повеќе од Наполи во трката за Скудетото.

Се очекуваат и 10 илјади навивачи од Торино да пристигнат во Милано, а тоа што е неверојатно е сумата која што Интер ја заработи од продажбата на билети.

Според италијанските медиуми, Интер ќе инкасира неверојатни 5 милиони евра од продажба на билети со што, најпосетуваниот клуб во Италија оваа сезона ќе постави убедливо највисок рекорд во Серија А.

Продолжува градењето на „костурот“ на тимот на Вардар за следната сезона. Шпанскиот тандем Жоан Кањелас и Хорхе Македа по завршување на сезоната дефинитивно ќе ги напуштат „црвено-црните“

За разлика од Македа на кого договорот му истекува ова лето, Кањелас спогодбено ја раскина соработката со актуелниот европски шампион, бидејќи има обврска уште една година.

Вардар договори две од четирите најавени руски интернационалци. Станува збор за Дмитри Житников, кој ќе биде замена за Лука Циндриќ, кој се сели во Келце. Рускиот репрезентативец е член на Пик Сегед.  

Во пакет со Житников доаѓа и Дмитри Киселев. Десниот бек на Санкт Петерсбург ќе ја потполни позицијата на Хорхе Македа. 

Засега е договорен и српскиот голман Дејан Милосављев. Чуварот на мрежата на Партизан доаѓа на местото на искусниот Арпад Штербик. Станува збор за извонреден млад голман кој беше чувар на мрежата на Србија на ЕП во Хрватска. Милосављев е роден во Војводина каде живеат голем број на наши иселеници и токму тој потекнува од фамилија која има наши корени.

Покрај овие ракометари за следната сезона е потврден Харбок, а договорот го продолжи и капитенот Стоилов.

Како што објави специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“, Милосавлев по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Скопје на местото на Арпад Штербик, кој заминува во Веспрем. Дејан Милосавлев, 22-годишниот голман на белградски Партизан, од наредната година ќе го брани голот на Вардар.

Милосавлев е репрезентативец на Србија, потекнува од школата на Југовиќ, а освен во Партизан, еден период од кариерата мина во Катар, во екипата на Лехвија.

Во Вардар младиот голман повторно ќе има можност да работи со голманската легенда Дејан Периќ со кого во 2015 година соработуал во сениорската репрезентација на Србија.

Резултат со слика за dejan milosavlev

Периќ е добро познат во ракометните кругови како еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата.

Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.
Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.

Како играч има настапувано за репрезентацијата на СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија. Има бронзен медал од ЕП 1996, и од СП 1999, како и злато од медитеранските игри во 1991 година.

Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

енскиот тим на Вардар попладнево го одигра најемотивниот меч во овој состав. Денеска на домашен терен го победија Митијланд со резултат 32-25 и со тоа се пласираа на Фајнал турнирот на Лигата на шампионите каде ќе се борат за врвот на Европа.

Сепак, по завршување на натпреварот и публиката и ракометарките плачеа, зашто ова беше последен натпревар на овој ѕвезден состав на Вардар пред домашната публика.

Од наредната сезона тимот ќе биде составен главно од домашни ракометарки, а сегашните ѕвезди на Вардар веќе имаат потпишано договори со други тимови, со оглед на одлуката на раководството да ги ослободи и да го смени изгледот на тимот.

Италијанската Серија А еден од најквалитетните фудбалски шампионати на светот, првенство во кое долги години настапува нашиот Горан Пандев, а своја улога во калчолигашите низ изминативе години имаа Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Сега од Апенините доаѓа интересна најави и нашата земја може да биде застапена со нов играч кој би требало да му биде колега на Пандев. Имено „калчомеркато“ пренесува дека клубот од Џенова сериозно го мерка и посакува напаѓачот на Славен Белупо, Мирко Ивановски.

Битолчанецот кој има 28 голови и лани даде 20 голови одби да ја продолжи соработката со составот од Копривница и по крајот на кампањава ќе биде слободен играч, сака да се проба во нова средина, па Џенова е една таква опција.

Мирко во тековната сезона има 10 голови во ХНЛ и е најдобар стрелец на Славен или севкупно трети во првенството.

Останува да видиме дали ќе се остварат овие најави и дали Ивановски по Македонија, Полска, Романија, Унгарија, Турција, Чешка и Хрватска ќе заигра и испроба во Италија.

Даниел Стефановски е светски првак во К-1 на Суперкомбат.  На Стефановски му требаа 1 минута и 41 секунда да го нокутира Аделин Михаила од Романија на вечерашнава гала вечер во Букурешт.

Стефновски тргна силовито од првиот момент со неколку крошеа, летечко колено и аперкат го нокаутира Романецот.