Поголемиот број од прехранбените производи за деца содржат опасни хемикалии, предупредува новата студија на непрофитната организација “The Label Clean Project”. Во тестираните производи се пронајдени арсен, олово, кадмиум и акриламид.
Американските научници анализирале 530 различни грицки, житарици и напитоци кои биле купени во последните пет месеци. Научниците откриле дека производите содржеле дури 65 отсто арсен, 58 отсто кадмиум, 36 отсто олово и 10 отсто акриламид, пренесува Independent.

Откриено е и дека дури 80 отсто од адаптираните млека за доенчиња содржат арсен, токсин кој Светската здравствена организација го поврзува со низа здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и карцином. Голема количина на арсен се откриени и во производи кои се на база на ориз.
Истражувањето покажало дека детската храна има 70 отсто повеќе акриламид од помфритот, а таа хемикалија се поврзува со оштетувања на мозокот и со репродуктивни проблеми.

Научниците утврдиле и дека 60 отсто од производите кои се со ознака “BPA free” всушност биле позитивни на бисфенол А – индустриска хемикалија која се користи за изработка на пластиката.