Сопругот влезе во детската соба и ме затекна на подот како чистам после децата: Ми ги кажа овие 5 зборови и никогаш повеќе не влегов да чистам после децата...

Со години наназад Хајди Хам на крајот од секој ден троши најмалку еден час на чистење и средување на собата во којашто претходно децата играле.

Сценографијата практично секогаш била иста – под прекриен со многу коцки, играчки и остатоци од храна. А кога ќе се преброи секоја минута потрошена на тоа, од моментот кога се родени децата, Хајди пресметала дека неколку години потрошила токму само на чистење и раскревање. А потоа, една вечер, нејзиниот сопруг влегол во детската соба каде ја затекнал како буквално лази по подот и собира коцки. И не само што ги собирала, туку и ги двоела според боја, бидејќи кога Хајди чисти и организира, таа тоа го прави до најситен детаљ. И потоа тој и кажал пет зборови коишто претходно на неа никогаш не и паднале на ум.

- Зошто не ја затвориш вратата?

- Само гледав во него. Поточно, низ него. Очекував дека и тој ќе се спушти на подот покрај мене и ќе започне да ми помага во поместувањето на “планината” од коцки. Наместо тоа, тој ми кажа пет зборови. И токму тоа и ми требаше. Ведаш станав и ја затворив вратата, вели Хајди во својот пост којшто стана вирален помеѓу мајките ширум светот.

- Овие години на сите страни може да слушнеме колку е важно да се грижиме за себе си, особено кога сме во улогата на родители. И важно е. Толку е лесно да се изгубите во потребите на останатите членови од семејството. Но и грижата за самиот себе си понекогаш е премногу тешка. Морате во сето тоа да вложите толку многу време, енергија, но и да побарате помош.

А што се' може да опфати тоа?

- Кога ќе сокриете неколку чоколади на место коешто ниту еден од домашните нема да го забележи, бидејќи ги сакате само за себе си...

- Кога ќе им пуштите цртани филмови на децата за конечно да го испиете омиленото кафе, и тоа топло и тазе направено...

- Кога порано ќе ги легнете децата во кревет, за со сопругот да може на мира да споделувате нежности на каучот...

- Кога едноставно ќе ја затворите вратата од детската соба...

И сега, што? Сега договорот е дека децата мора самите да си ја чистат собата еднаш неделно. Не јас. Тие. Останатите 95 отсто од времето таа изгледа токму вака. И за мене тоа е сосема во ред. Со оваа затврена врата дефинитивно можам да живеам, заклучува Хајди.