Ова се најдобрите земји на светот за одгледување на деца

Универзитетот во Пенсилванија од 2016 година составува годишна листа на најдобри земји за одгледување на деца. Според овогодишниот извештај, најдобри се скандинавските земји: Данска, Шведска и Норвешка се наоѓаат по тој редослед на првите три места.

Данска е прогласена за најдобра држава за одгледување на деца поради тоа што е “многу дарежлива кога станува збор за породилното отсуство на мајките и татковците” и има одличен здравствен и образовен систем. 

Од слични причини на второто и третото место се Шведска и Норвешка, како и поради фактот што имаат добри социјални програми и ниска стапка на криминал.

Во топ пет најдобри земји за одгледување деца се и Канада и Холандија, а понатаму на листата следат Финска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.

 

Велика Британија е на 11-то место – таа не успеала да се искачи погоре на листата поради нееднаквата заработувачка помеѓу мажите и жените, но и поради тоа што многу деца се раѓаат во сиромаштија.

Германија е на 13-то место, а потоа следат Франција, Италија и Шпанија, додека Соединетите Американски Држави се на 18-то место – добиле лоши оцени поради безбедноста, политичката стабилност и нееднаквата заработка помеѓу половите.

Од регионот, Хрватска на оваа листа е на 24-то место, Бугарија на 42-то, додека Србија е на 62-то место од оценувани 73 држави.

Кога станува збор за земјите кои се најлоши за одгледување на деца, во топ 10 се: Казахстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Гана.

 

Top