Малата Меди мистериозно исчезна пред 10 години, сега е пронајден клучниот сведок: Жена од Источна Европа знае сè за страшната ноќ

Полицијата добила дополнителни 154.000 фунти за да продолжи со потрагата по Меделин МекКејн.

Полицијата сега трага по жена која се смета за клучен сведок. Инспекторите веруваат дека жената, која како што се претпоставува е од Источна Европа, располага со докази поврзани со исчезнувањето на тогаш 3-годишната Медилин. 

Таа живеела во близина на летувалиштето Праја де Луз, од каде Меделин исчезнала во мај 2007. година. Жената, меѓутоа, ја напуштила државата кратко по смртта на сопругот и полицијата уште трага по неа и не знае каде точно се наоѓа. 

"Можеби видела или слушнала нешто што за неа е неважно, но за нас би можело да биде од пресудно значење", вели еден од полицајците. 

Полицијата уште верува дека Меделин била киднапирана поради лошо изведена провала. Ниеден форензички доказ поврзан со девојчето не е пронајден од денот кога исчезнала од собата во летувалиштето во Португалија. 

Родителите на исчезнатото девојче се благодарни што е овозможено продолжение на истрагата и велат дека иако многу поддршка од луѓе кои им посакуваат добро, има и многу злонамерни. 

Само неколку дена по продолжувањето на истрагата, Кејт и Гери МекКејн објавиле дека многу луѓе на Фејсбук ги осудуваат и им праќаат пораки полни со омраза.

Еден нивен близок пријател рекол дека родителите на исчезнатата Меди се многу лути и дека многу ги вознемирува тоа што луѓето пишуваат невистини и им праќаат навредливи пораки.

"Тие се кријат зад Фејсбук бидејќи тоа никогаш нема да им го кажат во лице. Тоа се кукавици, а такви има многу. Само полицијата може да добие одговори, а ние ги поддржуваме додека трае истрагата", додал тој. 

loading...