Двајца геј војници пронашле љубов во пеколот на војната: Побегнале од земјата за да не ги убијат семејствата, со години ја криеле својата врска

Најеф Хребид и Бто Алами биле ирачки војници, а потоа се заљубиле еден во друг. За да се спасат себе и за да бидат заедно, морале да побегнат на друг континент и зад себе да ги  остават своите семејства, кои би ги убиле со сопствени раце ако останеле во Ирак. 

Се запознале на бојното поле кај Рамади во Ирак, кога Бто бил наредник, а Најеф преведувач најмен од американските маринци. 

Откако заедно минале мноу време во борба, се заљубиле еден во друг. 

"Му кажав: Постои една работа што сакам да ти ја кажам. Тогаш му реков дека го сакам", изјавил Бто Алами за CNN. "Се погледнавме и тогаш прв пат се бакнавме", додал Најеф. 

 

Меѓутоа, Најеф и Бто својата врска морале да ја чуваат во тајност. 

Припадниците на LGBT популацијата во Ирак често стравуваат дека ќе бидат убиени од нивните семејства или роднини. 

 

Најеф Хребид се нашол на мета на милитантите и морал да побегне од ирачката војска. Во 2009. година му бил одобрен азил во САД и се преселил во Сиетл. Меѓутоа, тоа не било крајот на драмата за овој пар. 

Една вечер додека зборувале преку "Skype", семејството на Алами сфатило дека тој е геј. Постоела опасност дека во секој момент ќе го убијат припадниците на неговото племе. Поради тоа ја напуштил војската и заминал во Либан. 

 

По неколку години разделеност, овој пар успеал повторно да биде заедно. На денот на заљубените во 2014. година се венчале во Ванкувер. 

За нивната приказна е снимен и филмот "Out of Iraq a Love Story", кој добил и "Emmy" награда. 

 

loading...