Ова е озлогласениот бизнисмен кој го пренесе коронавирусот од Сингапур во Европа

Стив Волш, пред две недели заедно со уште 100-тина лица учествувал на една конференција во хотел во Сингапур и таму најверојатно се заразил со потенцијално опасниот коронавирус.

Сега Волш стравува дека јавно ќе го осудат како некој кој го донел смртоносниот вирус и ги изложил на опасност невините граѓани. 

Водичот на извидници од Хов, Англија, несвесно станал “суперширач” на коронавирусот откако се вратил дома од конференцијата во Сингапур. По пат заразил најмалку 11 лица. Стив моментално се наоѓа во изолација во болницата Свети Томас во Лондон и вели дека се чувствува добро, но очајува и стравува од осуда од домашната јавност.

Во меѓувреме, британските здравствени организации продолжуваат да трагаат по лицата со кои Волш бил во контакт по враќањето од Сингапур за да бидат подложени на тестирања, пишува “Daily Mail”.

“Разговарав со Стив и неговата сопруга Кети. Тие се преплашени и загрижени бидејќи Стив станал “жртвено јагне” поради нешто за кое не е виновен”, раскажал нивниот сосед за британскиот “Mirror” додавајќи дека Волш отишол да се провери штом сфатил дека би можел да биде носител на вирусот и оној кој го проширил истиот.

По враќањето од Сингапур, бизнисменот поминал 6000 километри. По пат посетил пријатели во близина на Мегеве во француските Алпи и престојувајќи таму наверојатно заразил 11 лица, вклучувајќи ги неговите пријатели, сопствениците на планинарскиот дом каде отседнал и нивниот 9-годишен син. Потоа од Женева одлетал во Лондон, а на летот имало повеќе од стотина патници и членови на екипажот. По пристигнувањето во Хов, свратил и до локалниот паб кој инаку редовно го посетува.

 

Кога сфатил дека би можел да биде носител на коронавирусот, отишол на лекар и побарал да биде подложен на тестирање во болница во Брајтон. Кога било потврдено дека е позитивен, Волш бил пренесен во специјалната изолациона единица на болницата во Лондон каде моментално се наоѓа.

Top