Колку години затвор ви следува ако сакате да отворите врата од авион: Британка за време на летот правела хаос и се заканувала дека сите ќе ги убие

Британката која се обидела за време на лет да отвори една од авионските врати вчера беше осудена на двегодишна затворска казна, пренесува „СиЕнЕн“.

26-годишната Клои Хејнс во јуни минатата година летала од Њујорк кон Даламан во Турција, кога екипажот и патниците во авионот едвај ја сопреле да не ја отвори авионската врата. Од авиокомпанијата чиј бил авионот, соопштија дека на Хејнс доживотно ѝ е забрането да лета со нивните авиони.

За време на судењето нејзиниот адвокатски тим тврдел дека таа била под дејство на алкохол и лекови и дека не се сеќава на инцидентот. Хејнс сепак ја призна вината за загрозување на безбедноста на патниците во авионот, како и за напад на членови на екипажот.

За време на летот во авионот имало 206 патници. Таа извикувала дека сака да умре и дека сите ќе ги убие. Еден од преплашените патници пред судот изјавил дека мислел дека ќе умре тој ден.

Во својот пијан поход, таа го нападнала екипажот, а исто така повредила едно лице. Загрижените луѓе веднаш реагирале и ја држеле, додека таа извикувала дека сите ќе ги убие и дека сите ќе умрат.

Нејзиниот адвокат пред судот рекол дека Хејнс не пие алкохол од инцидентот и дека редовно оди на средби со анонимни алкохоличари.

„Таа не била само пијана“, изјавил тој, додавајќи дека неговата клиентка има проблем и со менталното здравје.

Инаку, после низата на инциденти поради пијанство, британската влада соопшти дека ќе биде направена ревизија на законот кој моментално им овозможува на патниците во авионите да пијат алкохол.

Top