Ја нападнале дека доела додека вози по автопат, а тоа дури го снимила и објавила

Мајка од Бризбејн во Австралија се соочила со многу критики поради доење на детето додека возела.

На Инстаграм објавила шокантна снимка и не требало многу време за да стане вирална.

„Што би направиле вие?“, пишува покрај снимката.

Мајки од цел свет коментирале на снимката во неверување.

„Ненормално“, „Тоа никогаш не би го направила“, „Си го загрозила детето“, се дел од шокантните коментари.

 

„Ова е опасно и лудо, но што можев да направам?“, се обидела да ја оправда својата постапка.

„Жената го довела животот на нејзиното дете во опасност. Дури и мал судар би можел сериозно да го повреди детето“, гласел еден од коментарите.

Педијатарот Деви Баер се согласила и додала: „Се залагам за доење, но сè има свое време и место. Автомобил во движење дефинитивно не е тоа место.“

Мајката набрзо го заклучила својот профил, па спорното видео повеќе не е достапно.

 

Top