Измамата со криптовалути на оваа Бугарка ѝ донела милијарда долари, а еве зошто многумина и натаму ѝ веруваат

Зад една од најголемите измами со криптовалути стои Бугарката Руја Игнатова, која од илјадници луѓе украла десетина милијарди долари.

На илјадници фанови во 2016-та година на преполната Вембли арена таа им ветила дека Onecoin ќе биде најголема криптовалута. "За две години никој нема да зборува за Биткоин", рекла таа самоуверено. 

Имала добри причини за тоа, Британците во првата половина од 2016-та година на нејзината валута потрошиле 30 милиони евра. Во период од 2014-2016 година на светот во оваа валута биле вложени 4 милијарди евра.

Два месеци по лондонскиот настап на Др. Руја, на експертот за криптовалути Бјорн Бјерк му била понудена работа да изработи блокчејн за компанијата која се занимавала со критповалути - Onecoin. Не ја прифатил понудата.

Др Руја на потенцијалните купувачи им била претставена како докторка по науки од Бугарија, а емитуван бил и говорот кој го држела на конференцијата на угледниот лондонски "Economist".

Најмалиот пакет чинел 140 евра, но оделе се до 118.000 евра, додека тајкунскиот пакет чинел 5.000 евра. Сепак фасадата не можела долго да држи. Постојано било одложувано времето за размена, кога клиентите ќе можеле Onecoin да го претворат во кеш. Кога конечно дошол тој ден, во октомври 2017-та година, Руја не се појавила.

Иако нема точни суми, експертите претпоставуваат дека станува збор за 15 милијарди долари. Кога новинарите се обиделе да видат кој стои за Onecoin, пронашле низа компании кои биле во меѓусебна сопственост. Крајната компанија имала седиште во даночен рај.

Бјерк е уверен дека Др. Руја никогаш не очекувала дека Onecoin ќе оди толку далеку со раст и заработка. Луѓето кои биле вклучени во раните фази рекле дека тоа никогаш не требало да биде измама од милијарда долари. Се обидела да престане со тоа, но луѓето од сенка не и дозволиле.

Изненадувачки, дури и после тоа, Onecoin продолжил со работа - и луѓето продолжиле да вложуваат во него. Британските регулатори предупредиле за Onecoin, но подоцна предупредувањето го повлекле. И парите и натаму доаѓале.

Дури во 2019-та година американските власти откриле дека на 25-ти октомври 2017-та година Руја долетала од Софија во Атина, но никој не знае каде ја одвел патот подоцна.

На 5-ти октомври 2019-та година, ден откако бил пуштен последниот текст за Руја на BBC, нејзиниот брат Константин Игнатов бил изведен пред суд во Њујорк. Државниот обвинител го обвинил за перење на 400.000.000 долари, колку што Onecoin заработил во САД.

На суд било откриено дека Игнатов на 4-ти октомври потпишал договор за признавање на вината под неколку обвиненија. ОД централата во Софија и натаму тврделе дека податоците објавени на BBC се лажни обвиненија против исчезнатата Руја, и дека со ширење на акцијата Onecoin ќе произведе финансиска револуција. Но, денес едно е сигурно - Onecoin е најпозната дигитална измама.

 

Top