Пребогатата пријателка на сопругата на Срна ги шокирала сите: „Ми преостануваат уште 7 месеци од животот

Мирослава Дума, една од најбогатите Русинки и блиска пријателка и соработничка на Мирела Бориќ Срна, на Инстаграм зборувала за најтешкиот период во животот. 

„На почетокот на годинава ми дијагностицираа ретка болест на белите дробови и ми дадоа уште седум месеци од животот. Беше страшно, но сега кога ќе се сетам на тоа, сфаќам дека тие неколку месеци од опоравувањето ми беа најсреќни во животот. Одеднаш 'забавив' и сфатив колку го сакам животот, колку е прекрасен нашиот свет и колку сакам да останам тука. Со луѓето кои ги сакам. Првпат во животот ја гледав убавината на небото и прекрасното зеленило во природата. Како претходно да живеев на друга планета. Се будам среќна бидејќи жива сум овде“, напишала Мирослава и додала како претходно била опседната со лајкови и прифаќање во вистинскиот, но и во виртуелниот свет.

„Во последните две години универзумот ми испрати случајности кои денес ми изгледаат речиси неверојатни - како глупавите грешки кои ги направи мојот адвокат, поради кои порано ми ја дијагностицираа болеста и поради што добив шанса за живот“, се присетила таа.

Фотографијата за помалку од 24 часа собрала повеќе од 50.000 лајкови и многу коментари. Многумина се шокирале од оваа нејзина исповед. 

„Драга Мира, се обидувам да напишам коментар, но твојата приказна е толку емотивна и искрена што не можам ништо да кажам“, гласел еден од коментарите.

Top