Кралскиот пар објави досега строго чувана фотографија од нивната венчавка

Кралскиот пар ја одбележал годишнината на нивната веридба и по тој повод објавиле досега невидена фотографија од венчавката.

Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се едни од омилените кралски парови, а на годишнината од нивната веридба одлучиле во јавноста да објават фотографија од венчавката која досега никој не ја видел.

Ни изгледа како да беше многу одамна кога Хари го стави вереничкиот прстен на раката на преубавата Меган, а причината за тоа е поради тоа што се случија многу работи во нивниот живот во изминатите две години, пишуваат од “Mare Claire“.

Покрај фотографијата од венчавката тие објавиле и фотографија од веридбата како и една од првите фотографии со нивниот син Арчи.

Погледнете ги прекрасните фотографии:

 

Top