Милијардерот во тајност развил мозочен чип кој можеби ќе ги победи опасните болести, но и ќе нè претвори во компјутери

Американскиот милијардер Илон Маск мисли дека неговата невро-технолошка компанија „Neuralink“ ќе може во иднина да ги решава проблемите со шизофренија и аутизам.

„Мислам дека „Neuralink“ прво ќе може да реши многу болести со мозокот. Тоа може да биде разновидно, од аутизам до шизофренија и губење на помнењето кое многумина го искусуваат во одреден период од животот. Родителите не можат да се сетат на имињата на своите деца и такви некои работи“ - изјавил Маск кој е извршен директор во таа компанија.

Целта на „Neuralink“ е да развие чип на вештачка интелигенција кој може да се “вгради“ во мозокот на човекот за да ја забележува неговата активност и потенцијално да го стимулира. Како што пишуваат од „Bussines insider“ не е целосно јасно што мислел Илон Маск со тоа што „Neuralink“ ќе може да ги “реши“ проблемите со аутизмот затоа што тоа не е болест туку пореметување во развојот.

 

„Аутизмот не е болест и не може да се излечи“ - се наведува на веб страната на британското Национално аутистично општество додека пак од СЗО шизофренијата ја објаснуваат како “тешко ментално пореметување“.

Маск „Neuralink“ го основал во 2016-та година, а компанијата првите неколку години од своето постоење ја објавила својата работа во релативна тајност. Маск изјавил дека компанијата почнала да ги тестира чиповите на мајмуни.

 

Американскиот милијардер кој воедно е и извршен директор на компанијата „Tesla“ и „SpaceX“ изјавил дека технологијата на „Neuralink“ би можела да се користи за тестирање на невролошките состојби како Алцхајмер и Паркинсонова болест.

„Може да се користи за да се реши критичното оштетување на мозокот“ - изјавил тој.

Но, главната цел на Маск е поврзување на човечката свест со вештачката интелигенција.

Top