Како Ана Винтур станала моќна и угледна жена во модниот свет?

Ана Винтур, уредничка на списанието “Vogue”, веќе 30 години важи за личност која ја обележува модната индустрија. Таа сега има 70 години, но и понатаму изгледа одлично.

Нејзиниот збор има тежина и кога ќе каже дека некоја позната личност погрешила во изборот на парчиња облека, тогаш сите ѝ веруваме. 

Винтур е позната по својот “студен” став, темните очила, богатото крзно и високите потпетици, а за своите години таа изгледа прекрасно и негувано.

 

Изградила империја која вреди повеќе од 100 милијарди долари, а таа се смета за најмоќна жена во светот на модата и сите помалку се плашат од неа поради нејзиниот искрен и суров став. Ставот го наследила од својот татко кој бил познат како “Студениот Чарли”. Тој бил уредник на познатиот весник “London Evening Standard”, а ќерката одлучила да тргне по неговите стапки и да биде уште подобра во таа работа.

Ана имала стил уште од детството. Често била против униформата која морала да ја носи во текот на школувањето бидејќи за неа тоа било лош избор кој прави сите да изгледаат исто. Таа се борела нејзиниот идентитет да се забележи и луѓето да ја забележат како личност, а гледаме и дека успеала во тоа. Познатата фризура ја носи уште од младоста и тоа е нејзин заштитен знак. Ја засакала модата во тинејџерските години, а желбата за добар стил станала нејзина опсесија.

 

Таа го напуштила училиштето и запишала курс за мода, но и од тоа набрзо се откажала бидејќи мислела дека знае подобро.

“Модата или ја знаеш или не ја знаеш”, велела Винтур. На 20 години станала новинарка, а во својата кариера променила многу компании. Работела и за “Harper’s Bazaar”, но тоа едноставно не било доволно добро за неа бидејќи секогаш сакала повеќе. Работела и за модните списанија “Viva”, “Savvy” и “Penthouse” како и за “New York Magazine”. Често наидувала на несогласувања со шефовите, била тврдоглава и правела сè за да ги истакне своите идеи на виделина. Во 1988 година, Ана станала уредничка на “Vogue”.

Таа од “Vogue” направила “женска Библија”, внела софистицираност, сексапил и вистина во ова списание. Со тоа, “Vogue” станало едно од најпродаваните, но и најпочитувани списанија.

 

Не постои жена на светот која не знае за “Vogue”, а не постои ниту една позната личност која одбила интервју или ја одбила понудата да се појави на неговата насловна страница.

Ана за првпат на насловната страница ставила модели кои не се преслаби и се борела против анорексијата во модните списанија. Нејзе ѝ било битно само да се види квалитетот и остро зборувала за секој кој ќе згреши во модата.

Top