Дали е ова најбогатиот Кинез: Во подрум на политичар му пронашле 13 тони злато!!! Му се заканува смртна казна

Кинескиот државен функционер Жанг Чи ќе мора да понуди добро објаснување за потеклото на златото кое што било пронајдено во подрумот од неговата куќа.

58-годишниот Жанг Чи, член на покраинските и општинските ограноци на Комунистичката партија, наводно веќе бил на „дисциплинско испитување“ и се наоѓа под истрага поради можни незаконски акти, откако во неговиот дом биле пронајдени огромни залихи на злато.

Кинеските власти во подрумот од неговата куќа пронашле дури 13,5 тони злато, милиони јуани во готовина и антиквитети, како и огромно „портфолио“ на луксузни недвижнини.

На снимката може да се види пронајденото злато кое што е во толку голема количина што кинеските власти не можат да го наредат на полиците.

Се проценува дека златото вреди околу 600 милиони долари, а биле пронајдени дури 36 милијарди долари на неговата банкарска сметка. Се проценува дека огромен дел од неговото богатство го добил како мито, посебно голем број на луксузни недвижнини. Пронајденото богатство го прави Жанг Чи побогат од најбогатиот Кинез - Џек Ма, сопственикот на „АлиЕкспрес“ кој „тежи“ 37 милијарди долари.

Сепак, како овој политичар успеал да „заработи“ толку големо богатство во комунистичка Кина, останува мистерија за сите, освен за кинеското правосудство.

Инаку, политичарите осудени за „економски криминал“ или корупција во Кина можат да се соочат и со смртна казна.

Top