Пет најголеми алкохоличари во историјата на фудбалот кои пропуштиле шанса да бидат најдобри на сите времиња

Спортот и алкохолот не одат заедно, така барем би требало да биде... Меѓутоа, во пракса сепак не е така. Ви ја претставуваме “црната листа“ на најголеми алкохоличари во светот на фудбалот.

Пол Гаскјон

Првото место секако дека го зазема Пол Гаскјон, англиски фудбалер кој важел за еден од најталентираните во својата генерација, но љубовта кон алкохолот го спречила да го достигне врвот. Гаскјон дури и престојувал во институција за одвикнување од алкохол, но ниту тоа не помогнало. И денес на овој Англичанец дружењето со чашка алкохол му создава големи проблеми.

 

Гаринча

Иако бил еден од најдобрите фудбалери кој оваа планета го имала, Гаринча на 49 години починал токму поради последиците од пиење алкохол. Бразилецот кој ја испишал својата историја во светскиот фудбал целата кариера ја поминал во својата татковина, а најдобрите натпревари ги одиграл во дресот на својата репрезентација.

 

Џорџ Бест

Легендата на Манчестер Јунајтед ќе остане запомнет како еден од најдобрите фудбалери и како мајстор кој оставил многу од себе на фудбалскиот терен, но сето тоа го упропастил поради љубовта кон шишето. Во својата десетгодишна кариера во дресот на „Црвените ѓавли“, постојано се борел со својата зависност која подоцна ја лечел во помали средини, а починал на 59 годишна возраст.

 

Сократес

Бразилскиот доктор во копачки својата брилијанта кариера ја “зачинил“ со алкохол и се вброил во редот фудбалери кој својата среќа ја нашол во Европа, а тогаш силната Фиорентина нему никако не му одговарала токму поради недоволната слобода, да може да се држи до чашката. Починал на 59 години.

 

Адриано

Најсвежиот пример на овој список е секако бразилскиот ас Адриано кој играјќи за Интер во раните деведесетти покажал до тогаш ретко виден талент. Му се смешкала блескава кариера бидејќи одигрувал неверојатни натпревари, а потоа одеднаш се свртел кон блазилски начин на живот кој подразбирал консумирање на повеќе литри алкохол, одење на забави до раните утрински часови. Изгубил контрола, а потоа големите клубови биле незаинтересирани за него.

 
Top