ЦИА објави документи: Шпион разговарал со Тито во 1928, а кога го видел во 1953 – тврдел дека тоа е...

Маријан Џон Маркул од Лос Анџелес во 1955 година на агентите на ФБИ им раскажал тајни од средбата со Тито, за кој тврдел дека е руски агент.

„Личноста која се претставува како Маршал Тито всушност не е вистинскиот Јосип Броз Тито, туку тоа е руски агент, кој го украл неговиот идентитет во 1937 година“, вели тој.

Маркул, во разговори со агентите на ФБИ, покажал голема загриженост.

Во документот пишувадека Маркул е роден во 1909 година, а станал американски граѓанин во 1936 година, а учествувал и во втората светска војна.

Маркул бил во Југославија во 1953 година и двапати разговарал со Тито. На првата посета забележал дека Маршалот има 10 прсти на рацете, но притоа вели дека вистинскиот Тито немал показалец и среден прст.

Исто така, забележал дека Тито од 1953 е многу образуван и свири клавир, а тоа не го знаел вистинскиот Тито.

Исто така, Броз бил 180 сантиметри, а со човекот со кој се сретнал во 1953 година бил 160 см висок.

Top