Зошто Тито никогаш не бил на гробот на неговата мајка и син!?: Штотуку роденото бебе го погребал среде ноќ за никој да не види

Со оглед на тоа што свештениците не дозволувале на селските гробишта да се погребуваат луѓе кои не се крстени, Тито во тајност со помош на своите пријатели одлучил да го погреба своето дете.

Малкумина знаат дека родителите на Тито се погребани во Купинец, местото каде што тој како владетел на Југославија никогаш не го посетил. Таму се доселиле од Кумровец, а таму е роден и погребан и неговиот син.

Таа приказна за Купинечкиот гроб всушност ја поттикнува и најголемата теорија на заговор за Јосип Броз која тврди дека тој и не бил југословенски селанец туку русин или пак дете на австралиски гроф.

Се поставува прашањето зошто Тито никогаш не бил на гробиштата на своите родители?

 

Во тајност го погребал синот

Пред повеќе од 90 години, на Купинечките гробишта двајца мажи ископале мала дупка, доволна за да може во неа да се стави детски ковчег.

Не стравувале дека некој може да ги открие затоа што целото село спиело. Селанецот Фрањо Бистрица му помогнал на својот пријател да го направи ковчегот и со него копал дупка. Во 1920-та година, двајцата мажи го погребале детето, синот на пријателот на Фрањо, Јосип Броз Тито.

Детето не можеле да го погребаат легално затоа што не било крстено.

Таткото на Тито, Фрањо добил куќа во 1912-та година од банката за која работел во Купинец.

Тито дошол од Русија, а со него и неговата прва сопруга Пелагија.

Во книгата на Владимир Дедиер “Нови прилози за биографијата на Јосип Броз Тито“ постои сведоштво на Тито за враќање во татковината.

„Стигнав таму една ноќ и го најдов својот татко и еден од своите браќа. Ми кажаа дека мајка ми Марија починала во 1918-та година. Само неколку часа подоцна, мојата сопруга го роди првото дете, син. Но, тоа почина по два дена“ - сведочел Тито.

 

Дали Тито бил Југословен или Русин?

Владимир Дедиер го истражувал настанувањето и потеклото на теоријата за рускиот агент кој застанал на чело на антифашистичкото движење во Југославија.

Веќе во 1941-та година за рускиот агент Тито известувале и весниците во Велика Британија и САД. Изворот на тие тврдења бил Дража Михајловиќ. Тито во септември 1941-та година се сретнал со водачот на четниците и баш после тој состанок првиот човек на четничкото движење почнал да ги шири тврдењата дека Тито воопшто не е Југословен туку Русин.

Русите тогаш ги известиле Британците дека теоријата за рускиот агент е измислена, а потоа и сојузниците на Михајловиќ ги исфрлиле таквите тврдења.

Top