Вештачка интелигенција „откри“ лек за само 21 ден - на луѓето за истото им биле потребни 8 години!

Целиот процес, од почетокот на проектот до потврдата на ефикасноста на предложениот лек траел само 46 дена и чинел 150 илјади долари.

Дали во иднина годините поминати во медицински истражувања ќе ги замениме со само неколку седмици? Се чини дека баш тоа би можело да се случи благодарение на вештачката интелигенција.

Имено "Insilico Medicine", стартап од Хонг Конг, го објави истражувањето во кое покажаа дека е можно успешно да биде употребен систем за „длабоко учење“ во медицинското истражување.

Нивниот систем "GENTRL" (generative tensorial reinforcement learning) користи вештачка интелигенција и визуелизација со помош на вештачка интелигенција, со што успеа за само 21 ден да пронајде шест ветувачки лекови за фиброза, од кои веќе еден започна да се тестира на глувци.

 

Интересно е тоа што целиот процес траел 46 дена и чини 150 илјади долари. Со употреба на конвенционални методи, на тим од Германија кој работи на пронаоѓање лек за иста болест, за истиот резултат им биле потребни повеќе од 8 години истражување и милиони долари.

Иако пред "GENTRL" и "Insilico Medicine" е долг патот до евентуално функционален лек за лечење на фиброза, факт е тоа што за неколку седмици постигнаа резултат кој со конвенционални методи бил постигнат за цели 8 години, па тоа влева надеж дека во иднина благодарение на вештачката интелигенција ќе добиваме ефикасни лекови за кратко време.

Top