Принцот фатен на дело во вилата на педофилот: Од палатата демантирале дека имал секс со малолетнички, а сега се појавила снимка

Веќе неколку недели не престануваат да се нижат нови детали поврзани со скандалот околу милијардерот Џефри Епстајн. Тој неодамна се обесил во затвор додека го чекал обвинението поради сексуална трговија со малолетнички.

Во оваа афера, според пишувањата на бројни медиуми, се вмешани бројни звучни имиња, но и еден член на британското кралско семејство, принцот Ендру, син на кралицата Елизабета Втора. 

Една од жртвите, Вирџинија Робертс, во јавност ја изнела информацијата дека имала секс со принцот и тоа во време кога била малолетна. Дури и испливала и нивна заедничка фотографија од тоа време.

Од самоубиството на Епстајн минатата недела, Бакингемската палата повторно негирала дека принцот е вмешан во скандалот на било кој начин.

"Секоја сугестија за непримерност со малолетнички е категорично лажна. Посебно се негира дека војводата од Јорк имал било каков сексуален контакт или врска со Вирџинија Робертс. Секое спротивно тврдење е лажно и без основа", порачале од палатата.

Daily Mail сега објавил ексклузивна снимка и фотографии кои уште повеќе го компромитираат британскиот принц.

Имено, тој бил снимен како минува низ дрвена врата на една вила на Менхетн, додека се поздравува со млада бринета која ја напуштала куќата од 69 милиони евра.

На снимката се гледа и како по поздравот проверува дали можеби некој е сведок на оваа средба. Според пишувањето на Daily Mail, оваа снимка докажува дека војводата од Јорк ја посетувал куќата на осудениот педофил Џефри Епстајн.

Снимките од војводата од Јорк, тогашен специјален претставник на Велика Британија за меѓународна трговија, биле снимени за помалку од еден час откако Епстајн од истата вила излегол во друштво на млада блондинка.

Видеото е снимено на 6-ти декември 2010-та година, кога принцот бил во посета на вилата на Епстајн, која многу жртви ја нарекле "куќа на ужасот".

Епстајн, кој минатиот викенд се убил во затвор, во 2008-ма година бил осуден за секс со дете и се наоѓа во регистарот на сексуални престапници.

Top