Од ФБИ конечно признале дека Хитлер починал во Парагвај во 1973-та година: Американците му организирале бегство само да не падне во рацете на Русите!

Тие тајно го погребале во подземен бункер на некој хотел. Според историските книги, Адолф Хитлер во 1945-та година извршил самоубиство заедно со љубовницата Ева Браун. Меѓутоа, постојат информации кои укажуваат на друга теорија според која Хитлер не умрел туку дека побегнал и живеел во Јужна Америка.

Официјалните податоци укажуваат на тоа дека бруталниот диктатор, посрамотен од поразот во 1945-та година си пукал себеси во глава додека неговата сопруга испила таблети со цијанид во бункерот во Берлин. Нивните тела набрзо биле запалени и закопани. Но, што доколку тоа било информација само да се одземе вниманието на луѓето додека Хитлер избегал само за да не падне во рацете на Русите?

Звучи неверојатно, но историчарот Абел Басти ја објаснил оваа теорија со детални претпоставки во својата нова книга која е објавена во Аргентина со име „Хитлер во егзил“.

„Постоел договор со Америка Хитлер да побегне за да не падне во рацете на Русите“ - навел Басти.

„Тоа е логично за научниците, вјската и шпионите кои подоцна учествувале во борбата против рускиот режим“ - додал тој.

Басти верува дека Хитлер побегнал низ тунел кој под површината водел до аеродромот „Tempelhof“ каде што го чекал хеликоптер кој го однел во Шпанија. Прво стигнал на Канарските острови па продолжил во Аргентина каде живеел десет години за потоа да се смести во Парагвај каде што бил под заштита на директорот Алфред Стреснер.

„Богатите семејства кои му помагале низ годините биле задолжени за организирање на неговиот погреб“ - објаснил Басти.

„Хитлер е погребан во подземен бункер кој сега се наоѓа кај елитниот хотел во градот Асунсион. Влезот во бункерот во 1973-та година е запечатен, а околу 40-тина луѓе дошле да се простат со Хитлер. Еден од нив бил близок војник на Хитлер, Фернандо Ногијера де Араухо кој им раскажал на новинарите за таа церемонија“ - изјавил Басти кој не е единствениот човек кој верува во оваа теорија.

Некој оперативец на ЦИА со дваесет години искуство на терен и еден од елитните офицери на американската служба за известување, Боб Баер, опишале нешто слично на ова во документарната серија правена за каналот „History Channel“ со наслов „Лов на Хитлер“ која е емитувана во 2015-та година.

Баер и неговиот тим тврделе дека ги откриле доказите за бегството на Хитлер со помош на 700 страни објавени документи на ФБИ. Меѓу тие документи пронајден е и извештај во кој се споменува средбата на некоја личност Гујдано, а кој е испратен да се сретне со Хитлер и неговата придружба (вкупно 50) штом стигнат со подморницата во Аргентина, две и пол недели по паѓањето на Берлин. Гујдано бил еден од четворицата луѓе кои се сретнале со Хитлер и неговата придружба кога подморниците пристигнале во Аргентина.

„Хитлер со две жени... доктор и други луѓе кои беа повеќе од 50 пристигнаа на крајбрежјето. Тие пристигнаа во самрак на ранчот на кој треба да се кријат. Гујдано е подготвен да ги открие имињата на тројцата луѓе кои му помогнале на Хитлер и неговите луѓе да пристигнат до ранчот. Гујдано изјави дека му биле дадени 15.000 долари затоа што помагал во сето ова“ - пишува во документите на ФБИ од 14-ти август 1945-та година.

Уште еден извештај (исто така од 14-ти август) зборува за тоа дека нацистичките подморници пристигнале во Аргентина. Средиштето на ФБИ почнало да ги предава извештаите за Хитлер во јавноста и на истражувачите во склад со актот за слобода на информации од 26-ти април 1976-та година во скратена верзија. Првиот документ со број 65-53615-35 кој е многу скратен ставен е на сајтот на ФБИ и комплетно им е предаден на истражувачите во 1991-та година, а исто така достапен е и во Националната архива веќе 10-на години. Јавен извештај: „Не постои доказ дека Хитлер починал во Берлин“.

Еден од истражувачите забележал: „Американските војници не го пронашле телото на Хитлер, а исто така не постои ниту очевидец кој тври дека Хитлер починал таму“.

Најдобриот доказ се наоѓа во Русија. Кога Русија ја окупирала Геманија, наводно телото на Хитлер било пренесено во Русија и не било спомнувано до 2009-та година кога археологот Николаас Белатони добил дозвола да изврши ДНК анализа на некое парче коска која ја пронашле. Тоа што го пронашол, покренало бурни реакции во круговите на службите, а и меѓу научниците. Остатоците кои ги анализирал не припаѓале ниту на Хитлер ниту на Ева Браун.

„Коската беше тенка, а машките коски најчесто се цврсти. Оваа коска припаѓа на некоја личност која е стара повеќе од 40 години“.

Top