Сите “полудеа“ по новата апликација „FaceApp“, но таа крие мрачна страна поради која треба да бидете внимателни

Уште еден пример дека забавата со себе може да донесе и некои сериозни проблеми. Апликацијата „FaceApp“ која повторно стана вирална поради тоа што неверојатно реално ги менува вашите фотографии и покажува како ќе изгледате како повозрасни или како помлади.

Сепак, покрај добрата забава изгледа дека оваа апликација има своја сериозна мрачна страна.

Џошуа Нози забележал нешто крајно необично кога за првпат ја активирал оваа апликација.  

Еднаш кога ѝ дал дозвола да пристапи на неговите фотографии, апликацијата почнала полако да ги прелистува ред по ред.

Во тој момент тој веднаш активирал Airplane Mode на својот телефон и сите фотографии во истиот момент се појавиле.

Меѓутоа, „FaceApp“ не му дозволила да избере фотографија која тој сака затоа што во тој момент бил онлајн.

Поради тоа Нози верува дека тоа е јасен знак дека „FaceApp“ ги аплоудува вашите фотографии.

„Бидете внимателни со оваа апликација. Таа во истиот момент ги аплоудува вашите фотографии без никакво известување, сакале вие или не“ - напишал на Твитер.

Самите правила на користење на апликацијата „FaceApp“ се нејасни и во нив стои дека ги “собира“ содржините како што се фотографии и други материјали кои ги споделувате преку неа.

Поради сето ова многу е важно да бидете внимателни со апликацијата „FaceApp“ која молскавично стана вирална.

И додека нејзиното користење е многу забавно секогаш постои шанса дека позади целата таа забава стои нешто мрачно кое во иднина може да ве чини многу скапо.

Top