Оваа налепница на златарите во Будва ги огорчи родителите, додека другите бурно ги бранат сопствениците

Корисниците на популарните социјални мрежи воглавно не оправдуваат ваква забрана додека пак постојат и онакви кои имаат поразлично мислење.

На интернет кружи фотографија од Црна Гора која предизвикува поделени мислења на социјалните мрежи.

На Фејсбук страницата на „Подгорички времеплов“ објавена е фотографија за која се тврди дека е направена во Будва, а на која се гледа дека на родителите им е забрането да влегуваат во златара со количка за дете.

Меѓутоа, останува нејасно дали се мисли само на количката или пак на количка со дете во неа.

Сцената предизвика лавина коментари. Корисниците на популарните социјални мрежи воглавно не ја поддржуваат оваа забрана додека пак постојат и онакви кои имаат поразлично мислење.

„Родителите треба со нивните деца да шетаат по паркови и градски шеталишта, а не по продавници и златари“ - некој од коментарите.

„Прекрасно, имаше и во Карловац едно такво кафуле, па повеќе не работи. Во ред е доколку имаат аниматор пред врата и некој да се грижи за детето додека родителите купуваат. Во секој друг случај тоа е срамота“ - друг коментар.

„Боже помогни, како да станува збор за домашни миленичиња, па треба да ги заврземе пред врата“ - трет коментар.

„Како да не. Да ја оставиш количката пред продавница и некој да ти ја земе. Моите деца се големи, но нема шанси да ја оставам количката пред продавница“ - четврти коментар.

Top