Сцена која го растажи целиот регион: Ова најдобро ја опишува ситуацијата со која се соочуваат многу семејства на Балканот

Фотографијата на парот кој се разделува на автобуска станица во Тузла брзо се рашири по социјалните мрежи и доби многу коментари.

„Тој заминува во светот, заминува да побара нешто што овде не најде. Ја остава својата жена и дете кое не е ни свесно дека неговиот татко заминува, а тоа мало суштество носи плишано мече низ автобуската станица“ - така започна приказната на Ирдин Беќировиќ кој ја фотографирал оваа сцена.

„Во сцената која траеше неколку минути има многу тестови кои не се положени. Тој паѓа на тестот, целиот е во грч, а на крајот пушта солзи. Односно, како да е важно колкав маж си, оставаш нешто за кое се живее, тогаш на кого му е важно колкав маж си. Државата паѓа на тестот, онаа држава која сите треба да нè “прегрне“, онаа држава која треба да каже дека ние сме нејзините синови и дека нам тука ни е местото. Паднаа многу нешта, но ништо толку болко како оваа разделба“ - напишал Беровиќ, коментирајќи го големиот број на луѓе кои заминуваат во странство за да работат.

Top