Ако имате некоја од овие сексуални фантазии веројатно сте сексуално девијантни

Постојат три сексуални фантазии кои се сметаат за сексуално девијантни од страна на психолозите (кои се сметаат за перверзни), но во реалноста често се присутни и речиси секој човек има слична фантазија.

Честа е фантазијата за садо-мазо секс. Одредени делови од овој сексуален жанр се попопуларни од останатите, како врзување, лисици итн. Можеби токму тоа ја објаснува популарноста на книгата “50 нијанси сиво”. Истовремено, желбата за мешање на задоволство и болка е многу популарна помеѓу мажите и жените, па така неретко некој обожува шамар во креветот. 

Сексот на јавно место е уште една фантазија која ја поседуваат повеќето мажи и жени, а се смета за сексуално девијантна. Иако многу парови немаат намера да ги вознемируваат другите со својот сексуален чин, она што ги возбудува е фактот дека прават нешто забрането и опасно. За жал, некои парови го прават тоа надвор бидејќи немаат каде на друго место.

Уште една парафилија која е особено популарна, особено кај мажите, е воајеризмот, односно тајно набљудување на сексуален однос, голо тело, долна облека или било што друго што набљудувачот го смета за сексуално привлечно. 

 
Меѓутоа, она што ја разликува личноста на која ѝ е потребна психијатриска помош од онаа која нема потреба од истата е дали тоа често го прави или само фантазира. Ваквите видови на фантазии се чести, но доколку некој вистински ужива во ваквата реалност, психолозите го карактеризираат како сексуално девијантен.

 

Top