Влегле во домот на исчезнат милијардер и останале шокирани

Стив Ронин, познат урбан истражувач, на својот Јутјуб канал објавил видео од напуштена вила на еден јапонски милијардер која останала речиси недопрена.

“Кога за првпат го истражував ова место, не можев да поверувам што гледам. Делуваше нереално, имав чувство како да сонувам. Најлудо од сè е што овој човек имал посебна вила само за уметнички колекции”, изјавил Ронин. 

Тој во описот од снимката напишал дека точната судбина на сопственикот на овој неверојатен објект е непозната, но се зборува дека проневерил огромна сума на пари и едноставно исчезнал во 2013 година, оставајќи сè зад себе. 

Стив во домот нашол уметнички колекции од разни скулптури и слики за кои се верува дека вредат околу еден милион долари.

Интересно е тоа што иако куќата е напуштена, од неа нема украдени работи и ниту еден прозорец не е скршен, а Ронин објаснил дека една од причините за тоа е што во Јапонија ретко се краде.

 
Top