Најголемата заплена во историјата на земјата: Нарко-бос уапсен сред автопат, полицајците останале без зборови откако го провериле неговиот телефон

Британската полиција спроведе успешна акција против банда од 17 членови кои заедно добиле дури 117 години затворска казна.

Полицијата ги сопрела нарко дилерите на сред автопат, при што биле пронајдени 186 килограми кокаин вреден 22 милиони евра, со што ова е дефинитивно најголемата заплена на дрога во историјата на Велика Британија.

Снимките направени од хеликоптер на британската полиција ја прикажуваат акцијата и како полицајците сопираат сино комби и уште еден автомобил.

Кокаинот бил сокриен во тајни метални фиоки под лажен под. 22 милиони евра вредната дрога била под контрола на лидерот на бандата, 31-годишниот Џејми Симпсон кого детективите го опишале како „арогантен и алчен“.

Симпсон и уште тројца членови од неговата банда биле осудени на 35 години затворска казна. Другата банда била предводена од Џејми Олдројд, сопственик на компанија за изнајмување на возила во Ворингтон кој добил затворска казна од 14 години.

Полицајците го провериле мобилниот телефон на еден од членовите на бандата, по што откриле како криминалците пребројуваат огромни суми на пари.

Top