Шокантна снимка од итна помош ги згрози сите: Медицински работник удирал онесвестен пациент со салама по глава

По објавувањето на скандалозната снимка од возилото на итна помош, била отворена истрага против работникот.

На социјалните мрежи се појавила шокантна снимка од Романија на која се гледа како медицински работник со салама по глава удира човек во несвест, додека пациентот се пренесува во болница. 

Работникот неколку пати со салама го удира човекот со маска за кислород на лицето, а во еден момент, се слуша како вели: "Сакаш салама, еве ти ја во глава! Пијаницо".

Откако снимката се проширила, отворена била истрага против работникот и романската итна помош. Реагирала и министерката за внатрешни работи на Романија, Кармен Дан.

"Бев огорчена од снимката која покажува како член на итната помош се шегува со пациент на кој му е потребна помош. Неговата постапка фрла дамка на целата институција и на стотици луѓе кои својата должност ја вршат чесно и професионално", рекла таа.

 
 
 

 

Top