Необична сина светлина забележана над австралиски град! (видеото)

Над Австралија, поточно над градот Алис Спрингс, вчеравечер прелетал метеор и оставил многу Австралијанци во чудо.

Полицијата од Алис Спрингс после полноќ добила повик од еден граѓанин за необична сина светлина и силен звук насред ноќ, пренесува ABC. Потоа ги прегледале камерите и сфатиле дека станува збор за метеор.

Истата сцена ја снимиле и камерите кои биле 500 километри подалеку, во Тенант Крик. „Бевме малку скептични, но потоа ги прегледавме камерите, а една од Тенант Крик исто покажа прекрасна виолетова светлина“, раскажале од полицијата за АВС.

„Оние од Алис Спрингс го покажаа градот осветлен како да е ден. Беше величенствено“, велат тие. Човекот кој единствен го пријавил случајот во полиција, вели дека сето тоа траело околу пет секунди и дека се слушнала голема врева, како да имало земјотрес. Од полицијата тврдат дека се изненадени што немало повеќе пријави, но велат дека причината за тоа најверојатно е невремето проследено со грмотевици кое преовладувало таа ноќ над градот.

Top