Ова се најлошите туристи на светот

Американците долго време важеле за најомразени туристи на светот. Денес ситуацијата е поразлична.

Изгледа, меѓутоа, дека претходните неколку сезони Британците ги надминале. 

Истражувањето кое го спровел порталот "Living Social" покажало дека повеќето луѓе на светот ги сметаат Британците за најлоши туристи, пренесува "Frankfurter allgemeine".

Наречени се "туристички хулигани", а истражувањето кое го спровел "Skyscanner" ги прогласило за најлоши во дури пет категории во кои се наведени и причини: "не сакаат да научат јазик", "цело време се пијани и не ги почитуваат законите", "не оставаат бакшиш".

Интересно е што Британците биле меѓу учесниците на истражувањето, што значи дека ни самите не сакаат да патуваат со своите сонародници.

 

Истражувањето "Expedia" од 2009-та година на прво место на најомразени туристи ги ставило Французите, затоа што се непристојни и имаат аверзија кон странски јазици.

Истата година друго истражување донело заклучок дека Русите се најнепосакувани, бидејќи се "гласни" и затоа што крадат лежалки и одат преку ред на шалтери.

 

 

Top