Не се обидувајте да го зголемите половиот орган, може сериозно да се разочарате

Оперативните зафати за зголемување на пенисот не успеваат и можат да бидат многу ризични, покажала најновата студија објавена во петокот во магазинот „Sexual Medicine Reviews“.

Студијата вклучува мета-анализа на вкупно 1.192 мажи во 17 различни студии. Станува збор за мажи кои биле подложни на 21 хируршки и нехируршки зафат за зголемување на пенисот. Според студијата, тие хируршки зафати не биле успешни и често предизвикувале компликации.

Во нехируршките зафати, со употреба на продолжувачи, во некои случаеви е забележано зголемување на пенисот, но помалку од два сантиметри.

 

Во зафатите со инекции, со кои „се зголемува обемот“, забележани се големи стапки на компликации. Зафатите со вакумска пумпа, не допринеле зголемување, се наведува во студијата.

Кај хируршките зафати за намалување на суспензискиот лигамент и трансплантација на ткива, некои мажи забележале значително зголемување на големината.

 

Сепак, од друга страна ниедна од тие техники не е потврдена како успешна. Освен тоа, компликациите биле чести, се наведува во студијата.

„Доказите за зголемување на малите пениси кај нормалните мажи се ретки и со лош квалитет. Хируршките зафати и инекции би требале да бидат последна опција за зголемување на големината на пенисот.“

Top