Погледнете го новиот дом на Рита Ора, а во Британија живеела во една соба со братот и сестрата!

Рита Ора се родила во Приштина, но со родителите се преселила во Велика Британија, каде постигнала огромен успех. Пејачката се вратила во родното Косово, за да купи вредна недвижнина за своите родители, а за таа цел дала 1,5 милиони фунти.

Како што истакнала пејачката во повеќе наврати, родителите Бесник и Вера се заслужни за нејзиниот успех, па таа сака некако да им се оддолжи, а мајка ѝ фотографијата гордо ја споделила со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.

„Рита вечно ќе им биде благодарна што ѝ дале шанса за подобар живот... Побегнаа од родното Косово за време на политичкото востание и таа сега кога е на врвот на славата, сака да им се оддолжи на најдобар можен начин“, рекол извор близок на семејството на пејачката.

„Домот е таму каде што е срцето. Иако живееме во Лондон, на сопругот, мене и на децата неизмерно ни е важно да можеме да го посетиме нашиот роден град, Приштина“, напишала Вера на Инстаграм.

Пејачката своевремено изјавила дека со сестрата и братот, кога нејзиното семејство дошло во Велика Британија, делела тесна соба, а родителите едвај врзувале крај со крај.

Таткото Бесник, после повеќегодишната заштеда, успеал да купи паб, во кој Рита ги имала своите први јавни настани. Мајката Вера преку ден студирала медицина, а навечер била келнерка.

Кога пејачката имала 15 години, на нејзината мајка ѝ бил дијагностициран рак на дојка, Рита тогаш го прекинала школувањето за да биде покрај неа.

„Нејзината борбеност и храброст се моја најголема инспирација. Благословена сум што ја имам“, изјавила пејачката своевремено.

Top