Во Кина пронајден нов вид на летечки диносаурус: Фосилот стар 163 милиони години наликува на...

Новиот вид на летечки диносаурус, кој со својот изглед потсетува на лилјак, неодамна е откриен во Кина.

Ова најново откритие на кинеските научници фрла сосема ново светло на процесот како диносаурусите се развиле во птици. Фосилните остатоци на овој вид на диносаурус биле пронајдени во Лиаонинг на североистокот на Кина во 2017-та година и најпрвин го збуниле Мин Ванг, познат кинески палеонтолог и главен автор на студијата објавена пред неколку дена.

Мин Ванг овие летечки диносауруси ги нарече Ambopteryx longibrachium. Меѓутоа, понатамошните истражувања покажале дека тоа е всушност мал диносаурус терапод со мембрански крилја.

Фосилот стар 163 милиони години е втор во историјата кој ги покажува диносаурусите со крилја налик на лилјак, иако таа особина е видлива и кај праисториските летечки верверици, лилјаци и птеросаури.

Единствениот диносаурус со вакви слични особини беше Јики, опишан во 2015-та година. Меѓутоа, Ванг смета дека не верувал дека малиот диносаурус кој бил долг околу 32 сантиметри и тежок околу 306 грама, можел да лета со своите крилја.

„Се обложувам дека станува збор за едрилично летање. Сепак, најважната карактеристика е тоа што нема мускул за летање кој би му овозможил да лета со крилјата“, изјави Ванг.

Top